понеделник, 19 април, 2021

Во Охрид зголемен бројот на новозаразени од Ковид-19

Како расте бројот на заболени од Ковид 19 во Охрид поголема е и опасноста од ширењето на вирусот. Со оглед на тоа дека станува збор за поединечни случаи и не им се знае изворот на заразата ситуацијата станува уште поалармантна.

Од Центарот за Јавно здравје велат дека сега вирусот е присутен насекаде сега е период кога не може да се зборува за кластери или пак за лоцирано заразување затоа секој еден треба да биде внимателен и да ги почитува мерките за заштита. За жал често пати граѓаните сакајќи да обелоденат кои лица се заболени објавуваат и неофицијални списоци по социјалните мрежи.

Точков тврди дека списоците кои неодамна во охридската јавност проструија со имиња на заболени лица од Ковид 19 не се од Центарот за јавно здравје додавајќи дека за ваквиот случај била информирана и полицијата за да се покрене постапка и да се најде изворот. Според информациите ваквите списоци доаѓале од наши граѓани иселеници кои живеат во странство.

Во Охрид моментално има 270 активни случаи на Ковид-19, од нив, дури 137 лица се заболени во текот на последните седум дена. Инаку од почетокот на пандемијата вкупниот број изнесува 736 лица.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!