Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека „Французите ја делат тагата на Австријците по терористичкиот напад во Виена“, најавувајќи „борба против непријателите на Европа“.
За нападот во Виена се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ние, Французите, го делиме шокот и тагата на Австријците по нападот во Виена. По Франција, пријателска земја е нападната. Ова е нашата Европа. Нашите непријатели мора да знаат со што си имаат работа. Ние нема да попуштиме пред ништо”, напиша Макрон на Твитер.

Според информациите кои ги објави владата, загинале тројца, а меѓу нив и напаѓачот. Медиумите јавуваат за седум мртви. Според засега достапните информации, 15 лица се хоспитализирани.
Австрискиот канцелар Себастиан Курц и се обратил на јавноста по нападот во Виена и рекол дека станува збор за одвратен терористички напад.

„Полицијата ќе дејствува против напаѓачите. Драго ми е дека веќе елиминирале еден. Никогаш нема да не заплаши тероризмот и ќе се бориме против тие напади на сите начини“, ркоел тој.
Им се заблагодарил на служби за нивната работа, како и на лидерите на ЕУ и меѓународните парнери кои објавиле поддржувачки пораки.

Курц објави дека федералната војска ја штити Виена, за полицијата непречено да ги лови терористите.