Најнова промена: Угостителските објекти нема да работат до 23 часот, добиваат ново работно време

Предлогот веќе утре треба да се најде на владина седница, каде се очекува да биде усвоен, пишува „360 степени“.

Кафулињата, кафеаните, рестораните и сите други угостителски објекти ќе работат до 21 часот наместо како досега до 23 часот, дознава „360 степени“ од владини извори.

Скратувањето на работното време за два часа доаѓа како предлог на Комисијата за заразни болести, кој денеска бил разгледан и одобрен и од владиниот кризен штаб.

Предлогот веќе утре треба да се најде на владина седница, каде се очекува да биде усвоен.

Министерот за здравство, Венко Филипче, индиректно веќе ја најави оваа мерка во интервју за „Сител“.

Тој кажа дека ако мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часа порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани.

Министерот Венко Филипче демантира дека има пациенти кои биле вратени од некоја болничка установа, во државата или од клиниките, но признава дека има подолго чкање.

„Затоа ние оспособуваме дополнителни болнички капацитети и во Клиничкиот центар и во болницата ‘8 Септември’ и ширум сите други градови, во сите инфективни и интернистички одделенија. Практично целите болници се сега во фаза на мобилизација и ги лечат ковид – пациентите. Се повеќе се сместуваат и на други одделенија поради тоа што инфективните се веќе преполнети. Значи ниту еден пациент не бил вратен од болница ако навистина им индикација за болничко лекување“, изјави Филипче.

Извор: 360степени

Коментари

коментари

error: Content is protected !!