Конечно откриено: Ќе се прогласи ЦЕЛОСЕН КАРАНТИН доколку се хоспитализираат уште 1.000 пациенти

Кафеаните, кафичите и сите останати угостителски објекти да работат до 21 часот. Оваа мерка Комисијата за зразни болести планира да ја предложи до Владата, а во насока за заштита од Ковид-19.

Во разговор за Мета.мк, д-р Александар Стојанов вели дека во државата има отприлика место за уште 1.000 хоспитализации, па ако се исполнат капацитетите, тогаш ќе се воведе полициски час.

– Целта со ова е да ги намалиме собирањата и групирањата. Сè што не е битно за државата, не мора да работи. Препораките се да не се собираат, но тие сепак се собираат, па седат до 12, до 1, па и до сабајле, не можат да ги избркаат. Се собираат и во трговските центри, во парковите. Со меркава со намалување на работното време на угостителските објекти, ќе може и полицијата да ги разбркува. Не можеме да ги затвориме целосно, тоа не е опција. Ќе одиме постепено – вели Стојанов за Мета.мк

Според него, критично ќе биде кога ќе се наполнат болниците комплетно.

– Засега има слободни кревети. Ние имаме кревети и во студентски домови и по холтели, но нема персонал. Не е само да го легнете пациентот, треба да обезбедите и 24 часовна нега за него. Во моментов има капацитет да се хоспитализираат уште 1.000 лица. Ако оваа бројка се надмине тогаш неопходно ќе биде да има карантин во траење од една недела или две – додаде Стојанов за Мета.мк

Предлогот за работното време на угостителските објекти утре ќе се најде на владина седница.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!