Изненадување за граѓаните: По ребалансот – ќе има нови мерки за ПОМОШ од Ковид-19

Вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи вечерва гостува во емисија на ТВ Стар, каде откри неколку новитети кои ќе ги преземе Владата.

„Ребалансот на буџетот ги тишти сите граѓани, сите се погодени од пандемијата, но и од економската криза. Малку подолго се развлече процесот со ребалансот, но мислам дека утре ќе заврши тоа и за неколку дена ќе ги спроведеме мерките.

-Некои од мерките не се поврзан и со законските решенија затоа што одат преку програми на министерствата или владата. Ние секојдневно се координираме со сите министерства за сето она што е потребно, од менување програми за да се спроведат мерките, до подготвување на законски решенија и навистина оваа недела очекувам не само ребалансот, туку ќе поминат и законските решенија.

-Онаму каде што некои сметаат дека може да се унапредат решенијата може да поднесат амандмани со цел побрзо да стигнеме со мерките до граѓаните“. -изјави вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, во интервјуто на телевизија Стар.

Тој потврди дека парите за четвртиот пакет мерки се обезбедени, а недостатокот, по ребалансот на буџетот, во износ од 100 милиони денари, ќе се обезбеди со домашно задолжување.

„Извесно е дека штом помине ребалансот на буџетот ќе се задолжиме кај домашните банки, дел од парите се од еврообрзницата, а има и од другите задолжувања што се случија годинава.

-Некои кругови ако сакаат да покажат дека тоа што се задолжувавме во мај, јуни и јули, дека го нема, не е вистина, затоа што е дел е предвиден во овој ребаланс. Паметно размислуваме, непродуктивните трошоци да ги намалиме, да внимаваме само на продуктивните и да ги ставиме во полза на граѓаните.

-Не е вистина дека некој е занемарен од мерките. Чекаме да помине ребалансот ќе излеземе и со нови мерки. Сега ќе зборуваме дали нови компании треба да се вклучат во мерките.“- објасни Битиќи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!