Непочитување на мерките за заштита од ковид-19 во Аеродром и Чаир

Затворени угостителски објекти во Аеродром и Гази Баба, не ги почитувале мерките за заштита од ковид-19

Полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус затекнале два угостителски објекта, во кои не се почитувале мерките за заштита, т.е продолжиле со работа и после предвиденото работно време.

Еден од објектите е во Општина Аеродром, а другиот во Општина Чаир.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти моментално се затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Кковид-19, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжува со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!