понеделник, 25 октомври, 2021

Можно е целосно затворање на државата

Размислуваме за сите мерки, вклучувајќи локално, регионално, па дури и целосно затворање на државата, рече претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски.

„Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија“, рече Караџовски „Трилинг“ на 24 вести.

Според Караџовски, лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст меѓу 20 и 40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.

„Ова е опасно заразување, да не се занесуваме, сите сме во опасност, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување“, изјави Караџовски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!