Карантин од 19 до 05 часот, две недели – најави висок функционер на СДСМ

Пандемијата и корона вирусот задаваат силен удар кон здравствениот систем, а последните бројки на позитивни во рок од 24 часа поставуваат низа прашања и размислувања.

Се повеќе може да се забележат ставови и мислења на јавни личности, функционери, но и обични граѓани кои бараат да се воведе полициски час или карантин во државата.

Секој има свое гледиште на работите и посакува да се донесе одлука кој ќе биде ригорозна, но истата ќе даде побрзи и посакувани резутлати – намалување на бројот на позитивни од Ковид-19.

Вчера го достигнавме врвот со 934 позитивни во рок од 24 часа, а поради тоа, на социјалните мрежи со најава се огласи и Ѓорги Галетановски, директорот на Зоолошка градина Скопје.

-Тоа е деца. Карантин од 19 до 5, 2 недели, ништо страшно, ќе помине одма, – напиша тој и најави какви ќе бидат следните чекори на Владата.

Останува да видиме дали Владата ќе донесе такви, слични или било какви мерки со ограничување на движењето.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!