Повеќе од милион Словаци беа тестирани за коронавирус во саботата, како дел од огромната логистичка операција за тестирање на поголемиот дел од населението за време на викендот, во обид да се спречи пандемијата.
Властите посочуваат дека амбициозен план за тестирање на мнозинството граѓани над 10-годишна возраст од 5,5 милиони жители е прв во земја со таква големина. Него го следат други земји кои размислуваат како да се забави ширењето на вирусот и да се избегнат високите здравствени трошоци.

Повеќе од 40 000 лекари, војници, полицајци, административни работници и волонтери вршат тестови на околу 5000 локации. До пладне биле тестирани 828.518 лица, од кои 7.947 биле позитивни, рече министерот за одбрана Јарослав Над на прес-конференција.
„Очигледно тестиравме над милион луѓе“, рече тој, додавајќи дека над три милиони луѓе може да бидат тестирани за време на викендот.
Премиерот Игор Матовиќ рече дека се надева оти планот ќе овозможи да се идентификуваат и изолираат доволно заразени лица за да се избегне строг карантин за другите.

Тестирањето е бесплатно и доброволно, но владата ќе пропише карантин за оние кои не одговараат, вклучително и забрана за одење на работа. Тестот за антиген дава резултати за само 15 минути до половина час, но е помалку точен од тестот за PCR.
Вториот круг на тестирање ќе се одржи за една недела.
Словачка пријавила 2.573 нови инфекции со ПЦР-тестови во саботата, вкупно 57.664, од кои 219 починале.