петок, 29 септември, 2023

Добро утро, ВНИМАВАЈТЕ И ПОЧИТУВАЈТЕ – Од денес задолжително маска на отворено

Носењето маска на отворено не е задолжително при спортување на отворен простор, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Mаска на отворено нема да се носи ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место, ако лицето е помладо од 6 годишна возраст и ако лицето има специфична здравствена состојба (лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој), поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично.

За непочитување на новите законски обврски ќе се пишува казна од 20 евра за неносење на маска.

Со Законот, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за ковид-19, од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува ако резултатот е позитивен. За прекршување на самоизолацијата казната е 50 евра.

Ова доаѓа откако во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19.

Починати се 14 лица, тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови.

Фото: Илустрација

Досега во земјата се направени вкупно 240.658 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 28697, бројката на оздравени пациенти е 19771, на починати е 963, а бројот на активни случаи изнесува 7963.

Коментари

коментари