Медиа.мк ексклузивно дознава дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска со заплената на 100 кила марихуана во Охрид.
Медиа.мк дознава дека Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР заплени 114 пакети високо квалитетна марихуана спремна за продажба.

Лицето во Охрид е приведено при примопредавањето на дрогата. Се работи за криминална група од Македонија, Албанија и Турција. Оваа група подолг период била предмет на оперативна обработка.
Медиа.мк ексклузивно објави и за акцијата во Охрид.

Во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана.
Според нашите информации уапсен е турски државјанин кој со возило Цитроен требало дрогата да ја транспортира до друга локација.

Последниве два месеци сме се случува постојано апсење на дилери и заплени на дрога од полицијата, која според нашиот извор е во сериозна пресметка со нарко дилерите.
Извор: Медиа.мк