среда, 22 септември, 2021

МВР: 112 санкции во Делчево и Берово

Во рамки на засилените контроли вчера во Делчево и Берово санкционирани се 112 возачи.

Како што информираше Гордана Панајотова од СВР – Штип во рамки на полициските контроли меѓу најчестите биле регистрирани санкциите за измината важност на сообраќајна дозвола.

– Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Делчево и Берово. Притоа, изречени се вкупно 112 санкции, меѓу кои 22 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 14 за возење без возачка дозвола, 13 за пречекорување на брзина, информира Панајотова.

Со цел зголемена безбедност во сообраќајот, апелираше граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Засилените сообраќајни контроли, како што додадоа од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!