понеделник, 15 август, 2022

Кај нас се уште мерките се лабави – дознајте како светот се заштитува од корона вирусот

Пандемијата на коронавируси во Европа е неконтролирана, додека најмалку 1.152.635 лица починаа, а 42,76 милиони се заразени досега ширум светот.

Големи бројки низ цела Европа

Според агенциите, повеќе земји во Европа во саботата пријавиле рекордни податоци за новозаболени лица, вклучително и Австрија, ден пред стапување на сила на построги ограничувања.

Во последните 24 часа, потврдени се нови 3.614 инфекции во земјата, соопштија австриските министерства за внатрешни работи и здравство, за разлика од 2.571 ден претходно.

На 100.000 жители сега има 172,1 заразено во последните седум дена. Најтешко се погодени Салцбург, Тирол и Ворарлберг.

Поостри ограничувања има од недела, вклучително ограничување на бројот на луѓе на приватни собири на шест во затворени простории и 12 на отворено. Маските се задолжителни и на голем број јавни простори. До илјада луѓе можат да бидат присутни на големи затворени собири, и 1.500 на отворено.

Бројот на загинати во Германија во саботата надмина 10.000.

Велика Британија потврди 23.012 новоинфицирани во саботата, повеќе отколку во петокот, кога имало 20.530, според владините податоци.

174 лица починаа во рок од 28 дена по позитивниот тест, наспроти 224 во петокот.

Пред две недели, Франција регистрираше околу 20 000 новоинфицирани лица секој ден, од кои околу 20 завршија на интензивна нега. 122 лица ја завршија единицата за интензивна нега во петокот.

Стапката на инфекција се зголемува од летото. Седумдневниот просек на заразените кон крајот на септември беше над 10.000 на ден, за околу 5.000 на крајот на август. До средината на октомври, тој се искачи на 20 000, а сега е скоро 30 000.

Бројот на пациенти на интензивна нега е 2441, во споредба со околу 400 на крајот на август.

Продолжен полициски час во Париз, полициски час во Италија, ригорозни ограничувања и во Мадрид

Ноќниот полициски час во Париз и осум други поголеми градови беше проширен во петокот на големи делови од рурална Франција. Карантинот од 21 до 6 часот сега ќе опфати 46 милиони луѓе, повеќе од две третини од населението и ќе остане на сила шест недели.

Италија во саботата објави рекордни 19.644 новоинфицирани, а владата размислува да воведе нови ограничувања.

Голем број региони воведоа ноќен полициски час. Комплетен карантин сè уште не се очекува.

Во петокот во Неапол започнаа судири со полицијата во текот на ноќниот полициски час.

Новите ограничувања стапија на сила во саботата во Мадрид: сите собири, приватни или јавни, на лица кои не живеат во исто домаќинство се строго забранети од полноќ до шест наутро.

Една од најпогодените земји, Шпанија, во средата стана шестата земја во светот што официјално го надмина прагот од милион заразени со новиот коронавирус, што резултираше во потврдена смрт на скоро 35.000 луѓе.

Во Брисел, властите одлучија однапред да го поместат полицискиот час прогласен во земјата, па тој ќе започне во 22 часот. Властите наредија затворање на сите продавници во 20 часот и сите културни места, музеи и спортски сали од понеделник.

Оваа нова мерка е уште построга од мерките што ги донесе белгиската влада за целата земја и всушност е во согласност со мерките објавени од Валонија, франкофонската област на Кралството Белгија.

Извор: Локално

Коментари

коментари

error: Content is protected !!