петок, 26 февруари, 2021

Гостите од свадбата во дилема: МЗ нема да каже дали Амди бил позитивен на Ковид-19

Амди Бајрам, еден од луѓето кои долго опстојуваа на политичка сцена во самостојна Македонија, почина на 64-годишна возраст, по компликации со срцето. Оваа вест ја потврдија денеска од неговата партија на „Ромите“.

Пред неколку дена се појави со фотографии од Турција, каде правеше свадбена веселба за својата внука, откако во Македонија беа забранети вакви веселби.

Министерството за здравство нема да објави дали на починатиот поранешен пратеник Амди Бајрам му е направен посмртен ковид тест и упати таа информација да се бара од неговото семејство. САКАМДАКАЖАМ.МК го праша Министерството за здравство дали на Бајрам посмртно му е направен ковид тест со оглед дека на 17 октомври во Истанбул правеше свадба за внука си со над 200 гости од Македонија.

„Пациентот има право на доверливост на личните и медицинските податоци, кои се чуваат во тајност и после неговата смрт, во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Во однос на одговор за ова прашање, ве молиме обратете се до фамилијата на поранешниот пратеник Амди Бајрам“, одговори Министерството за здравство на прашањето од СДК.мк

„Тој имаше комплексна здравствена состојба, со хронични болести. Предмалу дознав и навистина немам информација дали е земен ковид тест“, одговори министерот за здравство Венко Филипче на прашањето дали на Бајрам посмртно му е направен ковид тест, кусо по веста за смртта попладнево на прес-конференцијата во Струмица.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!