На голема врата се враќа во политиката: Љубчо Георгиевски во Бугарија има голема мисија

Бугарија не сака промена на македонскиот Устав, ниту нов меѓусоседски договор, вели Љубчо Георгиевски.

По дводневната посета на Софија и средби со државниот врв, екс премиерот и прв прв лидер на ВМРО-ДПМНЕ Георгиевски, кој сега е дел од коалицијата на СДСМ, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС, порачува дека бугарското вето ќе ги мобилизира просрпските сили во Македонија.

„Можам да ви кажам дека од страна на Софија јасно е кажано дека никој не сака промена на Устав или за промена на договор. Софија сака спроведување на Договорот од 2017 година и конкретни резултати од работата на Мешовитиот комитет за историски прашања.“ – изјави Георгиевски.

Георгиевски вели дека Македонците треба да знаат за убиствата и теророт по 1945 година и според него не е нормално да има улици именувани по луѓе, како што вели тој, што убиле Македонци.

На новинарското прашање од бугарскиот новинар зошто во Македонија се шири лага дека официјална Софија сака да го присвои Делчев и кој ги чува ѕидовите за добрососедски односи, Георгиевски вели:

„Длабоката држава’ во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји. Гради омраза и непријателство кон Бугарија. Вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност. Во суштина, тие не се сите Македонци“ и додава дека тие структури не се македонски „но тие се многу силни и јас тоа го чувствував на грб.“

Затегнатите македонско – бугарски пред стартот на преговорите на Македонија со ЕУ предизвикаа заинтересираност и во француската јавнот. Официјален Париз кој минатат година стави вето на македонските преговир сега нема забелешки, а францускиот угледен весник Ла Кроа, повикувајки се на дипломатски извори пишува дека во овие моменти Бугарија делумно блефира.

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов би можел да истрае во неговото блокирање, но во тоа има елементи на блефирање, бидејќи тој не би добил многу со спротивставување на неговите европски партнери за отворање на пристапните преговори, кои во секој случај ќе траат десет години.“ – пишува францускиот весник „Ла Кроа“.

Бугарија на последниот состанок на амбасадорско ниво кој се оддржа пред два дена кажа НЕ за усвојување на преговарачката рамка за Македонија. Во следните две недели КОРЕПЕР ќе дебатира на оваа тема, а на 10ти ноември во исто време со Берлински процес ќе има и Совет за општи работи на ЕУ, каде министрите за надворешни работи ќе се изјаснат за своите позиции.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!