недела, 6 декември, 2020

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилските здравствени служби денеска соопштија дека починал волонтер кој учествувал во програмата за развој на вакцини на британско-шведската компанија Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд.

Бразилскиот здравствен регулатор Анвис објави дека развојот на вакцината ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот. Анвиса не соопшти други детали за причините за неговата смрт.

Федералниот Универзитет во Сао Паоло ја потврди смртта на волонтерот во посебно соопштение, во кое се наведува дека станува збор за бразилски државјанин.

Предностите на руската вакцина: Постарите лица и оние склони на алергии можат да бидат спокојни

Вакцината против коронавирусот, развиена од сибирскиот центар „Вектор“, е безбедна за различни чувствителни групи, а сите волонтери развија имунолошки одговор, изјави денес генералниот директор на центарот, Ринат Максјутов.

„Вакцината е потполно безбедна и за здравите волонтери и за лицата со хронични заболувања, алергии и постарите лица“, рече тој на 17-тиот годишен состанок на дебатниот клуб „Валдај“.

„Потврдивме дека пептидната вакцина покажала висок безбедносен профил и висока имуногеност во спроведените клинички испитувања во кои биле вклучени 100 волонтери, бидејќи сите волонтери кои биле вакцинирани имале имунолошки одговор“, истакна директорот на центарот.

Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ доби дозвола од руското Министерство за здравство да одржи клинички испитувања за својата вакцина наречена „ЕпиВакКорона“, во која има и волонтери.

Оваа фаза на тестирање заврши на 30 септември, а вакцината е регистрирана во средината на октомври. Ова е втора вакцина против коронавирусот развиена од руски научници.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!