недела, 6 декември, 2020

Груевски добил закани од Бајден – кој сега е во битка со Трамп за претседател на Америка?

Во својата колумна новинарката Мирка Велиновска открива некои пикантерии, во врска со Македонија, поврзани со демократскиот кандидатот за Претседател на Америка, на овогодинашните претседателски избори, Џо Бајден.

Според Мирка Велиновска, во 2011 година тогашниот Потпретседател на САД, Џо Бајден им се заканувал на Груевски и неговите соработници за да го прифатат предлогот на тогашниот државен секретар на Америка, Хилари Клинтон за промена на името во Северна Македонија.

Според Велиновска, на таа средба во Белата куќа, на почетокот на 2011 година, на Груевски му било порачано дека ќе биде сменет и политички пензиониран, а имало и закани, како што вели Велиновска и за негова ликвидација.

Средбата е организирана со посредништво на тогашниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер кој ги информирал своите претпоставени во Вашингтон дека Груевски се согласил да преговара за промена на името.

Дали Рикер погрешно разбрал, намерно погрешно информирал во Белата куќа, или, пак, Груевски бил пишман аџија, како и да е, на средбите на тогашниот премиер во Белата куќа, со Џо Бајден и Хилари Клинтон, не бил постигнат договор за името.

По враќањето од Вашингтон Груевски ги распиша изборите на 5 јуни 2011. Тоа беа најконтроверзните избори во македонската историја а што се случуваше на тие избори можеше да се слушне во проектот Вистината за Македонија!

Инаку, Џо Бајден води на анкетите пред против кандидатот и републиканскиот кандидат на изборите, актуелниот Претседател Доналд Трамп.

Сега Бајден се соочува со скандалот поврзан со владата на Украина и неговиот син, каде тој бил ангажиран како надворешен советник во една украинска компанија која била обврзана месечно да му исплаќа по 50.000 евра и покрај тоа што тој немал ниту ден работно искуство.

Целиот текст прочитајте го на “Во Центар

Коментари

коментари

error: Content is protected !!