недела, 6 декември, 2020

Гордана за својот колега: Од „неопасниот“ вирус го загубивме колегата Драган

Ковид-19 го достигнува својот врв откако се појави, во Македонија се рушат негативни рекорди по бројот на позитивни во рок од 24 часа, а застрашувачка е и бројката на починати.

За жал, имуни од вирусот не се ниту лекарите, кои се први на удар, затоа што во текот на своето работно време се исложени на големи ризици, притоа на тоа се додава и стресот како и немањето простор да се земе ниту одмор – со цел борба за својот народ.

И тоа не го почитуваат дел од граѓаните, кои се уште се убедени дека не постои корона вирус, дека сето тоа е измислено и се работи за теории на заговор, какви што ретко кој може да измисли.

На крајот на краиштата, зарем е важно која е позадината на вирусот? Да, важно е, ама многу поважно е да се зачуваат сите животи, да не загубиме блиски пријатели и роднини, браќа и сестри, родители, деца… тоа е болно!

Докторката Гордана Николиќ утрово на социјалните мрежи сподели статус за својот коелга Драган Тасевски, кој почина од како што вели таа во наводници „неопасниот“ вирус.

-Од “неопасниот”вирус, јас би рекла од најнепредвидливиот вирус, вчера изгубивме колега од кумановската болница, хирургот Д-Р Драган Тасевски. Нека му е лесна земјата, а со свои 60 години не беше за во земја…Колку се е релативно, денес сме тука, утре не сме. Вирусот е дефинитивно руски рулет. Нека почива во мир, тажно, навистина тажно….веројатно јас како паталец поинаку го доживувам вирусот…

Дали ќе веруваме или не во вирусот е наша лична работа, но – да им веруваме на луѓето кои се експерти во оваа област, тие ги ризикуваат своите животи за сите нас!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!