недела, 6 декември, 2020

Болницата во Штип полна, пациентите доцна доаѓаат на лекар, 21 лице на кислородна поддршка

Расте бројот на граѓани од Истокот кои со симптоми или потврден коронавирус во болница заршуваат со тешка клиничка слика. Есенскиот бран на вирусот не само што го зголеми бројот на нови случаи, туку нивната здравствена состојба е потешка кога ќе дојдат на инфектвно, вели Ален Георгијев, директор на штипската Клиничка болница.

Од 50 хоспитализирани денеска, половината се на кислородна поддршка. Голем дел од пациентите доцна се јавуваат на лекар. Последниот случај е пациент од Кочанско што починал само неколку часа по приемот во болница.

Новите случаи го исполнија Инфективно речиси до последен кревет. Од вчера пациенти се препраќаат и во кочанската болница, каде интерното одделение е направено Ковид центар.

Има 25 кревети, а работи постојниот медицински кадар. Во Штип, расте и метежот пред Ковид амбуланта на Инфективно, поради што здравственте власти бараат да се почитуваат мерките.

Во статистиката на Институтот за јавно здравје до 18 октомври, Штип и Свети Николе остануваат на врвот како градови со најголем број регистрирани случи на 100.000 жители, а високо според бројот на заболени котираат и Кочани, Делчево и Берово.

Извор: 24.мк

Коментари

коментари

error: Content is protected !!