недела, 6 декември, 2020

Македонија е најдобра на Балканот со бројки: 1000 нови во Бугарија, 890 во Хрватска

Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени нови 1024 заболени со ковид 19 што е рекорден број на новозаболени во земјата од почетокот на пандемијата. Во последното деноночие биле тестирани 4406 лица.

Денешната бројка на новозаразени е за 629 случаи поголема во однос на вчерашните бројки, пренесе БТА.

Најголем број од новозаболените се во Софија 292. Од последниот пресек починале уште 18 лица.

Бугарија е соочена со недостаток од медицински лица, бидејќи во земјата во моментов заболени со корона се дури 1622 доктори.

Од почетокот на пандемијата до денес во Бугарија се регистрирани 30527 заболени, а починале 1008 лица.

Хрватска: 890 новозаболени од ковид-19, починати 8 лица

Во последните 24 часа забележани се 890 нови случаи на зараза со САРС-КоВ-2 и бројот на активни случаи во Хрватска денеска се вкупно 5.519.

Меѓу нив 547 пациенти се на болничко лекување, а од нив 32 пациенти се на респиратор.

Починаа 8 лица.

Од 25. февруари годинава, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денеска вкупно се забележани 26.863 заразени лица со новиот коронавирус, од кои 382 починале. Вкупно се оправија 20.962 лица од кои 433 во последните 24 часа.

Во самоизолација моментално се 22372 лица.

До денес вкупно се тестирани 406.519 лица, од кои 5.883 во последните 24 часа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!