недела, 6 декември, 2020

Хит на Тик Тoк со 3 милиони прегледи: Жена се трка во 9-ти месец од бременостa (ВИДЕО)

Видеото на 28-годишната Макен Мајлер која трча во деветтиот месец од бременоста стана вирален хит.

Оваа Американка трчала пет до шест пати неделно во текот на целата бременост. На почетокот на бременоста се загрижила како би изгледало нејзиното трчање во подоцнежната фаза. Таа му рекла на својот сопруг дека проценила дека сепак ќе успее да истрча 1,6 километри за 7 минути.

„За да ме мотивира, тој рече дека ќе ми даде 100 американски долари ако можам да истрчам милја за осум минути, и тоа во деветтиот месец од бременоста“, рече таа за „Базфид“.

Не само што успеала да го одржи ветувањето, туку го сторила тоа за 5:25 минути, а не за осум, како што бил договорот. Видеото на ТикТок во кое трча е прегледано над 3 милиони пати.

“Мојот прв лекар ме поддржуваше затоа што порано работел со спортисти. Вториот беше малку поскептичен, се додека не направивме ултразвук што покажа дека бебето е целосно здраво. После тоа, тој само ја истакна важноста на поголемиот внес на калории”, објаснува Мајлер.

„Општо, ако некој направил одредени вежби пред бременоста, може да продолжи да ги прави и за време на бременоста, со некои исклучоци (топла јога и спорт со близок контакт, на пример). Треба да се преземат општи мерки на претпазливост, односно да обрнете внимание на хидратацијата, запрете при вртоглавица или ако се чувствувате болни. И, се разбира, ако станува збор за ризична бременост и лекарот ве советувал на одмор, тогаш треба да се избегнува физичка активност “, додава д-р Џенифер Линколн за BuzzFeed.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!