недела, 6 декември, 2020

Богдановиќ контра Филипче: Не е како што мислите вие

Имавме минимален број на гости на нашата свадбена веселба, рече градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ откако денеска актуелниот министер за здравство Венко Филипче упати критики по повод свадбените веселби кои се одржаа изминатиов викенд.

-Ние само го правевеме свечениот чин во црква, каде што максимално ги почитуваме сите протоколи, кои што ни беа кажани, од страна на црквата и луѓето коишто нормално ги прашувавме како се одвива целата организација. Имавме кум, старосват и минимален број на гости кои што ги познаваме, рече Богдановиќ за Сител телевизија.

Претходно Филипче изјави:

-Сметам дека ние сите коишто сме посебно на функции треба да дадеме пример со сопственото однесување како треба да се прави. Не е работата да се направи трик на системот.

-Точно е дека не се прекршени препораките и законите во нашата земја, меѓутоа ние сме првите, посебно функционерите коишто треба да покажеме на граѓаните како се почитуваат мерките, посебно што и од граѓаните го бараме сето тоа и кажуваме дека имаме проблем и со пациенти и со новодијагностицирани во болници токму таму кај што не се почитуваат мерките. Апсолутно го осудувам

Коментари

коментари

error: Content is protected !!