Што кажа Новак Ѓоковиќ за Тоше Проески?

Тешки се деновите на средината од октомври. Иако поминаа 13 години, како вчера да беше кога со молскавнична брзина се прошири веста за трагедијата која го снајде Тоше Проески.

Иако поминаа 13 години, Тоше се уште живее. Во секој од нас. Во нашата колективна меморија е врежан споменот, тагата по него, непреболот, неговата насмевка, гласот, добрината, песните.

Во една прилика Ноле изјави дека едвај чека да ја отпее песната „Зајди, зајди“ со македонските фанови.

„Сакам да ја посетам Македонија и да ги запознаам фановите во оваа земја. Ќе дојдам наскоро. Му посакувам се најдобро на македонскиот народ. Се надевам дека наскоро ќе ги видам моите обожаватели од Македонија и ќе се дружиме и ќе ја пееме заедно Зајди, зајди” рече и додаде дека честопати ги слави своите победи пеејќи македонски песни.

Српскиот тенисер истакна дека ги сака сите песни на трагично починатиот Тоше Проески.

„Она што го направи Тоше е историја. Тој е легенда, кој за жал повеќе не е со нас. Неговите песни масовно се слушаат. Тоше беше фантастичен и неговите песни оставија свој белег на овие простори“, гласеа зборовите на легендата за легендата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!