недела, 6 декември, 2020

Почина од коронавирус, а беше убеден дека не постои: Тажната вест ја потврди неговата сопруга

Според информациите на медиумите, тој се заразил со вирусот додека бил на патување во Турција. Украинскиот фитнес инфлуенсер Дмитриј Стужук на 33 години почина од коронавирус.

Кога се вратил во својата земја, се тестирал за коронавирус каде резултатот испаднал позитивен и тој бил сместен во болница, каде поминал осум дена.

Откако се вратил во својот дом, здравствената состојба нагло му се влошила поради компликации со срцето, а неговата поранешна сопруга Софија вели дека во тешка состојба и без свест бил итно пренесен во болница.

Инаку, во саботата таа на својот Инстаграм профил објави негова фотографија со децата на која пишува дека за жал, починал.

„Димо веќе не е со нас, неговото срце не издржа. Останаа единствено убавите спомени, три прекрасни деца и вредно искуство“, пишува таа.

Инаку, Дмитриј објави фотографија на својот Инстаграм кога првпат заврши во болница. Тој тогаш објасни дека за време на неговиот престој во Турција се разбудил едно утро со отечен врат и тешко дишел.

„Сакам да споделам со вас дека се разболев и сакам да испратам предупредување до сите. Јас бев меѓу оние кои сметаа дека короната не постои, сè додека не се разболев. Короната не е само краткотрајна болест и не е воопшто безопасна”, напишал тој тогаш.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!