Љубчо разочаран од својот поранешен пријател и соработник: 30 години бевме заедно – преку ноќ се промени

Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, кој на таа позиција беше од 1990 до 2003 година, имаше интересно гостување на телевизија Алсат-М, каде откри многу необични работи.

За прв пат јавно, Георгиевски ја коментираше и одлуката на свој близок пријател и соработник, после 30 години крај него, да замине во спротивниот табор и да зборува нешто во што изминатите 30 години не верувал.

Георгиевски зборуваше и за моменталната ситуација во која се наоѓаат Македонија и Бугарија, преговорите за Гоце Делчев и добрососедскиот договор меѓу двете земји.

„Бугарската јавност мора да сфати дека ако сега почнат преговорите на Македонија со ЕУ ништо не е затворено, тие и понатаму можат да ја раскажуваат нивната приказна…нивното толкување на историјата никој не го забранува, ниту пак, ги тера да се откажат од нивното толкување, иако е добро што повеќе теми да се затворат“, вели Георгиевски.

Евентуално вето од страна на Бугарија кон Македонија би било на штета на двете земји и ќе предизвика повторно создавање на антибугарско расположение во Македонија, оценува некогашниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

„Сметам дека Бугарија ако стави вето ќе направи еден многу лош чекор за взаемните односи, а пред сѐ за самата себе. Затоа што повторно овде ќе нарасне антибугарското расположение, повторно ќе се даде простор за приказни дека Бугарија не ни е пријател туку непријател…“, вели Георгиевски.

Иако не сакаше да споменува со име и презиме, тој во емисијата го прозва својот долгогодишен пријател и соработник, кој пред извесен период го промени таборот и се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ, менувајќи ги и своите ставови што ги имал 30-тина години.

-Во изминатите 30 години, еден човек што постојано беше крај мене, мислам дека лесно ќе се препознае, ги убедуваше луѓето и зборуваше за една вистина за Гоце Делчев. Истиот човек пред 2 години отиде во ВМРО-ДПМНЕ и сега вели дека Заев го продал Гоце Делчев на Бугарите. Ова е чист доказ како луѓето своите ставови ги основаат во зависност од насоките кои ги добиле од партијата,- изјави Георгеивски.

Според настаните кои ги објасни Георгиевски, станува збор за Ламбе Арнаудов.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!