четврток, 22 октомври, 2020

За Тоше сите напишаа пораки, но Игор Џамбазов ја има најдобрата – ЕВЕ ШТО КАЖА

Вчера, на 16-ти октомври се одбележаа 13 години од прераната cмpт на неповторливиот и незаменлив Тодор Тоше Проески.

Веројатно ниту една друга трагедија, но и добра вест не може да ја обедини Македонија, колку што тоа може да го направи делото на Тоше Проески. Вчера не постоеше човек кој не објави, сподели, искоментира нешто со нашата легенда.

Сите изразуваа жалење, се сеќаваа на неговите убави моменти, на неговата голема хуманост, на неговата скромност. Тоше беше единствен – тоа на сите им е јасно. Како него човек се раѓа еднаш во илјада години.

Сепак, Тоше со неговиот лик, покрај тоа што се обидуваше да им помогне на сите, индиректно беше и учител. Требаше сите да ги гледаме неговите дела и да ги повторуваме. А што направивме ние?

Веројатно како никогаш досега, омразата и злобата е присутна повеќе од кога било. Се потешко и потешко е да се разбере до каде може да оди човечката злоба и лакмост.

Со неколку зборови, во една реченица, Игор Џамбазов најдобро го објасни она што сите треба да се замислиме.

Тоше… Поминаа 13 години, а ние ништо не научивме од него.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!