четврток, 22 октомври, 2020

(ВИДЕО) Протекоа и првите снимки – ВЕСЕЛО е на свадбата која ја организира Амди Бајрам

Поранешниот пратеник Амди Бајрам вечерва прави свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се случува на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија.

Во земјава, поради коронавирусот забрането е организирање свадби, па поради тоа Амди Бајрам решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема ваква забрана. Видеа од свадбата на ќерка си на својот Фејсбук профил постави синот на Бајрам, Габриел.

Свадбата Бајрам ја имаше закажано за 11 ти октомври, но лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам рече дека ја откажал свaдбата на внуката Перјан, која претходно била закажана во ресторан во Шуто Оризари. Покана за семејната забава на која пишува дека ќе се одржи утре, беше објавена на социјалните мрежи, по што се покрена лавина на реакции, бидејќи свадбите се забранети поради пандемијата со корона вирус.

Тогаш Бајрам кажа дека нема да има ништо од најавената свадба, бидејќи ги почитува одлуките на здравствените власти.

Но, очигледно Бајрам најде друго решение за да се одржи свадбата. Прашањето е што ќе се случува кога присутните ќе се вратат во Македонија.

ВИДЕО 1 – ОВДЕ.

ВИДЕО 2 – ОВДЕ.

ВИДЕО 3 – ОВДЕ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!