четврток, 22 октомври, 2020

Турција ги активира С-400 системите

Деновиве на социјалните мрежи се појавија слики и видеа од турските С-400 „Триумф“ системи во турската провинција Самсун кои што го привлекоа вниманието на турската но и на меѓународната јавност. С-400 се ултра модерни руски против воздушни и против ракетни системи од среден и голем дострел. Моќните радари на С-400 ги откриваат противничките цели на растојание од 600 км, а различните ракети на системот имаат дострел од 2 до 400 км, и висина на уништување на непријателските цели од 0,5 км до 35 км.

Во 2017 година турското министерство за надворешни работи објави дека Турција склучила договор со Русија за купување на четири дивизиона С-400 за 2,5 милијарди долари. Русија се согласи на Турција да и даде достап и да и испорача дел од чувствителните технологии и знаења кои што се употребени при проектирањето и изработката на системите С-400. Во 2019 година системите С-400 и беа испорачани на Турција. Во август 2020 година за време на воениот форум „Армија 2020“ во околината на Москва, беше објавено дека Турција склучила нов договор за набавка на уште два дивизиона С-400 од Русија, и најверојатно некои делови и компоненти за турските С-400 ќе се произведуваат во Турција.

И покрај противењето и притисокот од страна на САД и на НАТО дека С-400 не може да се интегрира во структурата на НАТО, Турција не остапува и во периодот од 5-ти до 16-ти октомври ќе спроведе испитување на системите С-400 за време на големи воени вежби. После испитувањата системите С-400 ќе стапат на дежурство и во оперативна употреба, и ќе го чуваат турското небо и воздушен простор. САД и се заканува на Турција со санкции, и ја исклучи Турција од програмата за борбените авиони Ф-35.

На фотографијата објавена на турските социјални мрежи се гледа системот С-400 и екипажот кој што раководи со системот.

На видеото од Самсун се гледа огромна колона на воени возила и камиони, кои што се дел од системот С-400 придружувани од турската полиција како се движат кон местото каде што треба да се спроведат воените испитувања на системот.

Инаку, според неофицијални информации, Турција веќе ги активирала системите С-400, и со нив биле лоцирани и означени грчките борбени авиони Ф-16 кои што летале во близина на Турција, по што грчките авиони морале итно да се повлечат. Со системите С-400 Турција ќе го затвори своето небо и ќе создаде безбедносен чадор. Но турските С-400 ќе и овозможат на Турција контрола и над воздушниот простор над голем дел од териториите на Грција, Бугарија, Сирија, Ирак, Средоземното и Црното море.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!