четврток, 22 октомври, 2020

Раководството на СДСМ и СДММ во солзи му одаде почит на докторот Трајче

Денес во партиското седиште на СДСМ се одржа комеморација за Трајче Нешковски.

-Трајче имаше големо срце. Тој беше голем борец, отпораш, револуционер и слободар! Имав среќа да ми биде најблизок соработник во многу тешки и ризични времиња. Но, за него зборовите ризик и страв не постоеја. Цело време беше научен да се бори.

За државата, за слободата, за младите, а последниве месеци се бореше за да спаси човечки животи. Трајче, секогаш ќе се водиме по твоите идеали. Човек може да умре, но идеја и херој никогаш! Hasta la victoria siempre. – вели Стефан Богоев.

-Денеска, на комеморативна седница, оддадовме почит за прерано починатиот другар Трајче Нешковски и изразивме сочувство до семејството и блиските пријатели. Со прераната смрт на Трајче, СДСМ загуби чесен, професионален, искрен член и борец со визија, со храброст и решителност. Неговиот ангажман како секретар на СДММ, а потоа и како истакнат член на СДСМ е пример за тоа како млад човек може да се вгради во борбата за подобро утре, за промени во оштеството, за слобода, демократија. Сегашните и идни членови на СДММ и СДСМ, имаат вистински модел за тоа.

Загубата на Нешковски не е само загуба за неговото семејство, пријателите, младите, не е само загуба за СДСМ, тоа е загуба и нашата држава, за нашето македонско здравство. Трајче даваше сѐ од себе во борбата против коронавирусот, даваше сѐ од себе да им помогне на оние кои имаа потреба од помош. Во овие моменти на силна болка, да најдеме утеха во големината на Трајче, во вредностите што ги остави зад себе. И како човек и како доктор и како член на СДСМ. Јас, но и сите кои го познаваа Трајче засекогаш ќе го носиме во нашите срца, во нашите мисли. Слава му. – напиша Зоран Заев.

-Оддадовме почит на нашиот другар Трајче Нешковски, кој прерано и трагично не напушти. СДСМ и сите ние загубивме многу. Борец, другар, голем човек, доктор кој даваше многу, за партијата, за државата, за граѓаните, за сите. Неговите дела, неговите социјалдемократски и човечки вредности, остануваат засекогаш, за идните генерации. Тоа е неговата големина. Слава му на Трајче, останува во нашите срца и мисли. Нека почива во мир, – напиша Љупчо Николовски.

На седницата, покрај неговото семејство, присуствуваа и многу негови сопартијци од СДСМ, каде лекарот во минатото беше секретар на СДММ. Во негова чест, летниот камп на СДММ кој се одржува секоја година ќе го носи неговото име, Трајче Нешковски, потврдија од СДСМ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!