четврток, 22 октомври, 2020

ФОТО: Венко Филипче објави сцена од штабот на ВМРО-ДПМНЕ и упати чиста порака

Министерот за здравство доктор Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која тврди дека се наоѓаат членови на ВМРО ДПМНЕ, а на која се гледа дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.

„Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, напиша Филипче.

Маска не носи ниту Александар Пандов, кој го предводи патриотскиот институт на партијата, а е на чело на фотографијата.

Мерките за заштита од коронавирусот од следната недела ќе се заострат откако Комисијата за заштита од заразни заболувања препорача да се промени Законот за заштита на населението од заразни болести за да може да се воведе задолжително носење маска на отворено, да се даде поголем квантитет на надлежности на пазарниот инспекторат и да се ограничат домашните собирања и групирања кои се главен извор на ширење на заразата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!