понеделник, 21 јуни, 2021

Последниот статус на д-р Трајче Нешковски: Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои

Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои, напишал на 11-октомври по повод Денот на востанието на Македонија, а во контекст на ауктелната борба на лекарите во ковид 19 кризата, младиот пулмолог доктор Трајче Нешковски, кој вчера загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.

32 годишниот доктор неуморно работеше во ковид центарот во скопско Козле, за што сведочат и неговите објави на социјалните мрежи за време на самиот зачеток на коронавирус кризата.

Нешковски доживеал срце удар додека управувал со своето возило, па удрил во друг автомобил и потоа во дрво.

Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во „Мајка Тереза“ каде докторите час и половина се обидувале да го реанимираат.

32-годишниот Нешковски беше пулмолог, а во минатото извршуваше високи партиски функции во владејачката СДСМ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!