среда, 1 декември, 2021

Само ЕДЕН град во државата нема АКТИВЕН случај на Ковид-19

Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21193, бројката на оздравени пациенти е 16397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3996.

Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19. Починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од.

Крушево во моментов нема активни случаи на Ковид-19, а од почетокот на епидемијата досега во овој град се регистрирани 20 случаи.

Меѓу градови со најмалку активни случаи е и Демир Хисар со само еден активен случај, Македонски Брод со два, Кратово со три, Пехчево со пет и Ресен со девет.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!