четврток, 22 октомври, 2020

Роналдо во изолација – познато што прави (ФОТО)

Вереницата на Кристијано Роналдо Георгина Родригес ги смири милионите фанови на Португалецот по веста дека тој е позитивен на коронавирус.

Таа на Инстаграм ја објави неговата прва фотографија, односно принскрин од нивниот видео повик, од објавувањето дека тој е болен.

„Ти си моја инспирација“, напиша Георгина.

Георгина на објавата има насмевка од уво до уво, а ниту Кристијано кој е во изолација не изгледа лошо расположен.

„Роналдо се чувствува добро, нема симптоми и се наоѓа во самоизолација“, потврди претходно португалскиот фудбалски сојуз.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!