понеделник, 26 јули, 2021

Роналдо позитивен на корона вирус, Филипче да си поднесе оставка

Во последната недела сведоци сме на крајно висок број на позитивни од корона вирус. Неколку денови по ред беа срушени рекордите и за нијанса недостигаше да достигнеме бројка од 400 заболени во рок од само 24 часа.

Поради целата ситуација, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период бара оставка од министерот Венко Филипче, затоа што како што тие велат, не успеал да се справи со целата ситуација.

Филипче и покрај нападите, секогаш делува смирено и има трпение за сите. Одговара на сите прашања и се обидува да биде крајно транспарентен.

Факт е дека ситуацијата со Ковид-19 не се влоши само во Македонија, туку во цел свет, па јасно е дека само Венко Филипче не е виновен за целата ситуација која ја снајде Македонија.

За сето ова ироничен став даде Бранко Тричковски, кој сето тоа го поврза со денешната вест дека Кристијано Роналдо е позитивен на Ковид-19.

-И Кристијано Роналдо позитивен на корона вирус. Што уште треба да се случи па Филипче да си поднесе оставка!?, пишува Тричковски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!