Апасиев пак во негов стил: Бреее мајкатааа – да ви откријам јас нешто

Тројца пратеници се заразени со новиот вирус. Парламентарното мнозинство бара начин како собраниските седници да се одржат од дистанца. Во координацијата на претставниците на политичките партии со претседателот на законодавниот дом, СДСМ и ДУИ предложија пратениците кои се заразени или тие кои се во изолација да можат да учествуваат онлајн.

Тоа не би било измена на собранискиот деловник, туку прецизирање дека пратениците можат да учествуваат и онлајн.

„Се предвидува присуството, но не е дефинирано точно дали треба да биде физичко или онлајн. Ние мислиме да го смениме Деловникот на Собранието, не за да се смени овој член, туку да се прецизира дали присуството ќе биде физичко или онлајн“, посочи Изет Меџити.

Изгледа дека за ова прашање тешко ќе ја добијат поддршката од опозицијата. Пратеникот на ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека Уставот бара присуство на пратениците во Собрание, а според Деловникот, во член 29 стои дека пратеникот има обврска да присуствува на парламентарните седници.

Сето ова пак, далеку од собраниската говорница и во свој стил го искоментира и предводникот на Левица, Димитар Апасиев.

-Владата работела ОНЛАЈН, па така требало да работи и Собранието!? Брееее мајкатааа. Па у Влада нема опозиција бе, торлаци!, пишува тој.

-Поголем проблем од вирусот се онлајн седниците на Собранието на РСМ. Пратеници во паника за патни трошоци, стои во еден твит на социјалните мрежи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!