среда, 1 декември, 2021

Собранието нема мнозинство – директорите „висат“, двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Коалицијата на СДСМ со партиите БЕСА, ДУИ и ДПА вкупно имаат 62 пратеници. Сепак, во овој момент мнозинството е загубено, барем внатре во Собранието – поради корона вирусот.

После празниците се очекуваше Собранието да изгласа нови директори на државните институции, но веројатно сето тоа „виси“ во воздух, по најновите позитивни случаи од вирусот.

Собранискиот спикер Талат Џафери по потврдата на коронавирусот на Јахоски, го информирал претседателот на Комисијата за заразни болести и се прави епидемиолошка анкета на пратеници.

Засега, според извори од кабинетот на претседателот Џафери, планот е на 12. октомври да се продолжи со работа со седница доколку се добие дозвола од Комисијата за заразни болести. Доколку нема доволно гласови, ќе се прекине седницата.

„Апелираме до сите останати пратеници, освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските“ велат од Кабинетот на Џафери.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски преку денот во изјава за ТВ24 истакна дека сето тоа е причина повеќе да побараат Собранието да работи онлајн.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак иако и нивна пратеничка е заразена со коронавирус и не доаѓа подолго во Собранието и денеска на истиот став – Собранието мора да заседава со физичко присуство, се друго велат е противуставно.

Вечерва нов пратеник истакна дека е позитивен на Ковид-19, станува збор за Лазе Таневски. Еве што напиша тој:

Почитувани пријатели, Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен. Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.

Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја. Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.

Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам. Се гледаме наскоро.

При една ваква ситуација, Законодавната власт не би можела да функцонира, затоа што нема минимални 61 пратеник во Собранието.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!