понеделник, 18 октомври, 2021

Доцна вечерва: Инфективна е преполна, започна да работи МОДУЛАРНАТА болница

Нема потреба од паника, здравствениот систем е подготвен да се справи со состојбата, но треба да се почитуваат мерките и препораките, вели министерот Филипче.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје се исполнети сите кревети и од вечерва се активира модуларната болница поставена во близина на клиничката зграда.

Оваа информација за „360 степени“ ја потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

За да се одговори на зголемените потреби на Инфективната клиника, на помош е дојден персонал – доктори и сестри, од Клиниката за пулмологија и алергологија и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

„Нема потреба од паника, здравствениот систем е подготвен да се справи со состојбата, но треба да се почитуваат мерките и препораките. Помошта од граѓаните ни е неопходна и затоа уште еднаш апелирам на одговорно однесување од сите“, порача министерот за здравство.

Освен Клиниката, полни се и инфективните одделенија во болниците во неколку града во земјава што налага прераспределба на дел од пациентите од тие во други места.

Само во изминатите 24 часа беа регистрирани 393 нови болни од ковид-19 во земјава од направени 2 464 тестирања.

Извор: 360степени

Коментари

коментари

error: Content is protected !!