„Во Кремљ сите се манијаци!“ – Претпоставка за вината на Кремљ за случајот Навални

Очигледно, светската јавноста не ја знае и нема да ја дознае целата вистина за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални. Во многубројните интервјуа, руската несистемска опозиција и нејзиниот лидер неосновано го обвинуваат Кремљ за голем број злосторства, користејќи изјави како „сите тие се манијаци таму“, и користејќи ја фразата „Алексеј Навални е закана за Путин“ како аргумент. Бројни анализи и примероци од крвта на Навални содржат или не содржат никакви траги од забранети токсични материи, но западните политичари недвосмислено сметаат дека Кремљ е одговорен за инцидентот со Навални.

Руските власти се делумно одговорни. Тие, очигледно, слабо ја чуваа „светата крава“ на руската несистематска опозиција, што беше корисно, пред сè, за нив самите. На крајот на краиштата, неказнивоста на Навални понекогаш беше изненадувачка. За бројни неовластени митинзи, неиздржани обвинувања, примање донации во крипто валута, тој никогаш не одговараше сериозно. Кремљ плашејќи се од обвинувања за „борба против демократијата“ од светската јавност, тие го толерираа и, на свој начин, го штитеа опозицискиот политичар, очигледно водени од принципот „злото кое што го познавате е подобро од злото кое што не го знаете“.

Сепак, самиот Алексеј не беше многу опасен за Кремљ. Откако обедини разновидна политичка опозиција околу неговата фигура, Навални беше ангажиран во еден вид „протестен бизнис“, истовремено патувајќи во странство и објавувајќи фотографии од ресторани и знаменитости на социјалните мрежи, нешто што не им се допадна на другите опозициски лидери, затоа што според нив „борец против режимот“ мора да биде скромен.

И покрај се вината за инцидентот со Навални беше целосно префрлена на Кремљ и Путин. Покрај тоа, чудни аргументи се користат како тези: „Бидејќи Навални е опозиционер, Путин треба да го уништи“, „Откако беше отруен во Русија, тоа значи дека е отруен со Новичок “, „Русија е диктатура, таа се бори против опозицијата “. Во исто време, очигледно никој не зема предвид дека доколку Кремљ решил да се ослободи од Навални, вработените во администрацијата на Путин и неговите соработници очигледно можеле да пресметаат каква информациска бура ќе се крене околу овој инцидент.

Покрај тоа, дали во 21 век специјалните служби навистина немаат специјални препарати на располагање кои не оставаат траги? Опозиционерот ќе умреше во авион од срцев удар, тој постојано работи, и неговото срце не можеше да го издржи тој напор. И чудно е, зошто на Русија воопшто и требаше да го развива Новичок, ако сите досегашни случаи на употреба се некако неуспешни.

Сепак, доколку не постоеше „новичок“, истиот ќе мораше да се измисли. Оваа чудна супстанца стана симбол на руската диктатура и измама. Присуството на нејзините резерви сега е изговор за обвинување на Москва за какви било политички атентати или обиди за убиства.

Во исто време, „презумпцијата на невиност“ е целосно исклучена од процесот на обвинување. Виновен е Путин – затоа што е диктатор кој има „новичок“. И, за жал, овие аргументи на ниво на 10-годишно дете сега ги користат познати опозиционери во Русија и европски политичари во ЕУ. Но, римското право со своето вечно „Кој има корист“, за жал, денес е целосно заборавено.

Пишува: Дарко Тодоровски

Коментари

коментари

error: Content is protected !!