четврток, 22 октомври, 2020

Вакво нешто никој не посакуваше: Потегот на Ѓоковиќ пред полуфиналето ги растажи сите

Двата полуфинални меча во машка конкуренција на Ролан Гарос се закажани за утре, со тоа што прва на програмата ќе биде оној меѓу Рафаел Надал и Диего Шварцман, по кој ќе следи вториот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.

Првично гледано, ова беше добра вест за светскиот рекет број еден бидејќи ќе има повеќе време за одмор, но оваа вечер од Париз пристигна одлука која ги загрижи фановите на српскиот тенисер.

Имено, Новак го откажа својот закажан тренинг на теренот број три ова приквечерје и официјално нема да се подготвува за утрешното полуфинале, а српската јавност и фановите стравуваат дека Србинот се соочува со непосакувани проблеми.

Вистината е дека Ноле вчера навистина не изгледаше добро до средината на вториот сет и делуваше дека има големи проблеми со повреди, но некако успеа да го надмине сето тоа и го надигра Карењо Буста во наредните два часа игра.

Во овој момент се поставува прашањето во каква здравствената состојба е Србинот, кој на хартија е прв фаворит за освојување на титулата на Ролан Гарос, без оглед на тоа што свои шанси секако имаат и преостанатите тројца учесници во полуфиналето.

Српските медиуми со огромна загриженост ја пренесоа оваа вест од Париз, а засега нема никакви подетални информации од таборот на Ѓоковиќ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!