четврток, 22 октомври, 2020

НАЦИЈАТА е со вас: 45 минути ја делат Македонија од победа над Косово

Македонија има водство од 2:1 против Косово во плеј-офот за пласман на Европското првенство.

Интересен, но и чуден натпревар играат двете репрезентации. Најпрво Македонија поведе со чуден гол по удар на Стефан Ристовски, топката се одби од Алити и заврши во мрежата на гостите.

Набрзо потоа Косово изедначи на 1:1, грешка на голманот Димитриевски и дефанзивецот Велковски, ја искористија гостите кои лесно реализираа за 1:1.

Сепак, брзо потоа следуваше и реванш од Дарко Велковски, кој по нафрлување со глава успеа да погоди за водство од 2:1 на Македонија.

Нацијата верува, нацијата навива – Македонија ја делат 45 минути од дуел со Грузија, меч за пласман на Европско првенство.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!