четврток, 22 октомври, 2020

Фала ви момци: Македонија го победи Косово – Грузија последна пречка за СОНОТ – Европско првенство

Гостинската селекција подобро го отвори мечот и имаше иницијатива на нашата половина, но Македонија беше таа која го отвори резултатот. Стефан Ристовски во 16-та минута со голема помош од Бенџамин Колили ја погоди мрежата за почетно водство.

Селекцијата на Косово во 29-та минута после кардиналната грешка на голманот Димитриевски и Велкоски изедначи на 1-1. Стрелец на голот беше Флорент Хадерѓонај.

Во 33-та минута Македонија го врати водството. Велковски постигнувајќи погодок за 2-1 се изваде на најдобар можен начин за грешката 4 минути претходно. Дефанзивецот беше највисок во скокот и со глава стрелаше прецизно.

Единствено што загрижува во македонската селекција се жолтите картони на Бејтулаи, Несторовски и Адеми, кои мора да бидат внимателни до крајот на мечот.

Македонија ако го задржи водството и победи во дуелот со Косово во финалето од баражот силите ќе ги одмери со Грузија која ја совлада Белорусија.

Во второто полувреме Македонија ја имаше целата контрола, поништен ни беше и чист пенал, како и гол од чист офсајд. На крајот, Димитриевски имаше спектакуларна одбрана и средбата заврши со 2:1.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!