понеделник, 15 август, 2022

Досега ги немавме: Венко на ВОНРЕДЕН прес откри какви мерки ќе побараат од Влада

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти кои се идните мерки што како министерство ќе ги предложат до Влада, по претходна консултација со Комисијата за заразни болести.

Филипче соопшти и дека во цел свет расте бројот на новозаболени, не е исклучок ниту Европа, а значително расте и бројот на позитивни од корона вирусот на Балканот. Од овие држави исклучок не е ниту Македонија, каде вчера беше регистриран и рекордот од 317 позитивни во последните 24 часа.

317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Во болнички услови починати се четири пациенти и тоа еден од Скопје (59 г.), еден од Струга (65 г.), и двајца од Гостивар (71 г. и 76 г.). Регистрирани се 104 оздравени пациенти.

Денес имаме и нов црн рекорд. Како што соопшти самиот министер Филипче, во последните 24 часа се регистрирани 364 позитивни случаи на Ковид-19.

Филипче не најави нов полициски час, но неколку нови мерки – кои ќе мора да се почитуваат. Еве кои се тие:

-Јасно е дека есенскиот бран е тука и мора да делуваме да се заштитиме. Иако состојбата е се уште стабилна, може брзо да се влоши и мора да внимаваме. Донесовме одлука за нови мерки – со цел спречување за ширење на корона вирусот.

-Забрана на семејни поголеми прослави и забрана на групирање во домовите на слави и домашни прослави. Во еден стан најмногу можат да бидат примени 4 гости, надвор од тоа место на живеење.

-Забрана групирање на јавен простор после 22 часот на повеќе од 4 луѓе.

-Забрана за групирање по паркови и бензински пумпи.

-Се воведува задолжително носење на маски или марама и друг вид на заштита. Секаде на отворено, на затворено, во јавен и приватен превоз. Исклучок е при транспорт ако сите лица се од едно семејство, во седење во угостителските објекти, како и при спортување и при престој во канцеларии каде вработените се сами во истата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!