Скопје: Момчиња фатија полицаец за врат и му порачаа – Ќе го јадете, не знаете со кого си имате работа

Полицајци физички нападнати додека апселе неколку лица пред пекарата „Силбо“ на булеварот „Партизански одреди“. Од видеата кои се јавно споделени најпрво се слуша вербална расправија, која потоа, прераснува и во физичка пресметка, пренесува А1 он.

Пред едно од лицата да го фати полицаецот за врат, држејќи го за униформата и туркајќи го, му вели:

„Ајде бе удриме, ајде“, а истовремено, лицето кое снима сугерира: „Остај нека те удри. Ако бе, ќе оди ова во дисциплинска, сите ќе бидете казнети“.

Откако едно од лицата употребува сила, а полицаецот возвраќа за да се одбрани, другите се нафрлуваат и викаат: „Не го тепај, не го мавај бе ало“. Тука, лицето кое снима вели: „Удри го, удри го, ќе бегаме“.

„Жими сè, ќе го јадат џандарите, веруј ми“, вели лицето кое ги снима полицајците, а уапсените, гласно им се дерат на службениците: „Ајде бе ајде, мангуп еден, во полиција ако работиш“.

Откако на интервенцијата и се приклучуваат и други полицајци, лицата се уапсени, но дури и тогаш даваат отпор на службениците.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!