Загрижувачки вести од САД за претседателот: Следните 48 часа ќе бидат критични

„Следните 48 часа се критични за претседателот Трамп“, пишува Си-Ен-Ен, потпирајќи се на членови блиски до семејството на претседателот на САД.

Докторот од болницата каде што се наоѓа Трамп, изјавил дека претседателот се чувствува одлично.

Си-Ен-Ен побарале коментар од белата куќа, и го чекаат одговорот околу ситуацијата на Трамп.

Американскиот претседател синоќа со хеликоптер беше пренесен во болница. Претходно имаше позитивен тест на Ковид-19, заедно со неговата сопруга Меланија.

Со оглед на годините и тоа што има проблем со притисокот, Трамп спаѓа во групата на критични. Вчера му бил даден и експериментален коктел на антитела.

Белата куќа окована во коронавирус – политичка катастрофа за републиканците и Трамп

Илузијата на десничарските пропагандисти и медиуми дека коронавирусот е „сезонски грип“, „ќе пројде со топлото време“, или дека Ковид-19 е „заговор на научниците и либералите кои паничат поради некакви климатски промени“, е разбиена. Се удри од главите на Трамп и кругот негови најблиски соработници, откако самите ја увидоа реалноста – од коронавирус може да заболи дури и претседателот на САД, исто како многу други светски државници.

Америка со загриженост гледа на здравјето на Трамп, бидејќи претседателот има 74 години и страда од дебелина. Коронавирусот кај претседателот, ја фрли земјата во конфузија и метеж, оцени Си Ен Ен.

Според статистиката, од речиси 210.000 илјади починати од вирусот во САД, девет од 10 лица се на возраст од над 64 години. Изднието Венити феар пишува дека кај Трамп се појавиле температура и кашлица.

Болеста е откриена и во најблискиот круг на претседателот. Најпрвин станало јасно дека заразена е неговата советничка, Хоуп Хикс, која била во тимот на претседателот за време на дебатата во Кливленд, а и на митингот во Минесота. Притоа, пренесуваат медимумите, Трамп знаел за тоа, но се уште ја водел кампањата. Потоа, се дозна дека позитивен е и Бил Степиен, главниот менаџер на кампањата, како и Келијан Конвеј, поранешна советничка во Белата куќа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!