Фото: Илустрација

Редица пред Бугарската амбасада: Македонците ги враќаат своите бугарски пасоши? (ФОТО)

Директорот на Институтот „Преспа“, Андреа Стојковски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за перцепциите на граѓаните за Договорот со Бугарија мерени во истражување направено за потребите на институтот.

„Ако го погледнеме односот на македонските граѓани кон државите кои воопшто ги следевме во целото истражување, на прашањето која држава или унија е најголем пријател на С. Македонија, и таму Бугарија многу ниско котира. Дури и општо гледано, многу ниско котира. Само 1% од нашите граѓани ја гледаат Бугарија како пријател на државава“, вели Стојаковски за „360 степени“.

Како што кажа Стојковски, во истражувањето се разгледувале повеќе аспекти – соседство, економска, политичка или културна соработка со 24 држави.

За 3% од граѓаните први асоцијации им се „непријатели, фашисти, окупатори“. Само 23% од граѓаните имаат позитивно мислење за договорот со Бугарија, а високи 42% имаат негативно мислење.

Ова истражување го искоментира и лидерот на партијата ГДУ, Петар Колев, кој напиша:

Ако навистина овие податоци се точни иако останувам со сомнежот за можна манипулација тогаш остануваат само два логични потези: Раскинување на Договорот за добрососедство, кое очекувам неговите противници да го направат преку инициран референдум со 150 000 потписи, кои не би било тешко да се соберат доколку навистина само 1% од граѓаните ја сметаат Бугарија за пријателска земја.

Очекувам долги редици од Македонци пред амбасадата на Р. Бугарија во Скопје кои во знак на непријателството масовно ги враќаат своите бугарски државјанства и документи. Очекувам долгите редици да бидат предводени од политичарите кои веруваат дека непријателството и омразата се иднината, а после нив и серија новинари кои се гласноговорници на истото.

Со огромно нетрпение ги очекувам споменатите настани, доколку оваа анкета е вистина.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!