среда, 21 октомври, 2020

(ФОТО) Што значи да си пратеник, веднаш има „данок“: Косата на Апасиев е целосно бела

Да се биде пратеник е една од најубавите работни позиции кои може да ги имате, барем така коментираат речиси сите граѓани на Македонија. Сите веруваат дека пратениците имаат одличен живот, мирна работа – и немаат нервози.

Сепак, тоа не го кажал ниту еден пратеник. Тежината на работата ја знаат само тие 120 личности, кои многу и не изгледаат „среќно“ кога се наоѓаат на работа.

За прв пат во Собранието на Македонија на последните парламентарни избори влезе и Димитар Апасиев, предводникот на Левица, кој во изјавите за медиумите, често можеше да се забележи со црна коса.

Но, после неколку месеци кампања и седници, Апасиев направи селфи во Собранието – а на него се гледа како целиот „побелел“.

Апасиев е роден на 22-ри септември 1983 година, а пред една недела прослави 37 години.

Се поставува и прашањето дали „побелувањето“ на косата на Апасиев се нервозите и проблемите во политичкиот живот или пак можеби станува збор за генетски предиспозиции.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!