четврток, 22 октомври, 2020

Зекири гo нападна ДУИ: Арбер Адеми е виновен за состојбата во образованието

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири вечерва од студиото на ТВ21 испрати нова „провокација“ до членовите на ДУИ.

Тој во „Click Plus“ на ТВ21 рече дека екс-министерот за образование, Арбр Адеми е виновен токму за проблемите со кои моментално се соочуваат просветните работници и учениците.

„Намсето сериозно да се занимава со образованието, Адеми бркаше гласови во втората изборна единица“, рече Мухамед Зеќири вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој во емисија рече дека моментално има кочница токму поради тоа што во изминатиот период воопшто фокусот не бил ставен врз образованието.

Поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека останува на ставот дека учебната година треба да биде со физичко присуство на учениците.

-Секако дека останувам на тој став и уште тогаш како министер реков дека организирање и реализирање на учебната година со физичко присуство нема замена и треба храбар чекор да преземеме во овој правец и да очекувме кои ќе бидат предизвиците од организирање на наставата со физичко присуство, рече Адеми.

Во овој период, вели дека меѓуинституционалната соработка е клучна особено со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести и дека очекува и посакува наставата да се организира со физичко присуство.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!