среда, 21 октомври, 2020

Македонија повторно во избори: Пред Нова година ДВЕ општини ќе добијат нов градоначалник

Нема мир во Македонија. Продолжува навиката да се случуваат избори, без разлика дали тие се локални, парламентарни или пак претседателски.

Штип и Пласница ќе избираат нови градоначалници пред Нова година, откако Благој Бочварски и Исмаил Јаховски градоначалничките фотељи ги заменија со министерска и пратеничка.

Владата синоќа ја констатирала предлог одлуката за престанок на градоначалничкиот мандат на Бочварски, а денеска веќе е доставена до претседателот на Собранитето, Талат Џафери, кој е надлежен да ги распиши изборите за градоначалник во Штип и Пласница.

Според Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски тоа значи дека доколку се оди според законските термини, првиот круг ќе биде на 13, а вториот на 27 декември.

Законот во моментов не предвидува вонредни локални избори, со кои би се скратиле роковите, но се ќе зависи од одлуката на претседателот на Собранието, Џафери и на Државната изборна комисија.

Во двете општини на своите избирачки места со право на глас се околу 50.000 граѓани. Со општина Штип, раководи заменик градоначалник, а по оваа одлука се очекува деновиве советниците да изберат веде градоначалник. Партиите веќе на терен го испитуваат расположението за можните кандидати за градоначалници.

Граѓаните нова локална власт, градоначалници и советници ќе избираат наесен наредната година, а дотогаш се очекува и да бидат изгласани низа на закони за продолжување на процесот на децетрализација, но и за првите отворени советнички листи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!