среда, 21 октомври, 2020

Апасиев: Одеше во живо, го исклучија Собраниски канал, да не видите што се случува – јас ќе ви кажам

Што се случуваше денес во Собранието на Македонија? Според зборовите на Апасиев, иако требало да се пренесува во живо, целата случка била сокриена од јавноста.

-По две години, Отпорот влезе во Собрание! Дај Боже, по четири години, и да го поништиме Преспанскиот срам на квислинзите, – напиша порано Апасиев во текот на денот, објавувајќи фотографија со Крмов, вториот пратеник од Левица.

А неколку моменти подоцна, Апасиев напиша уште еден статус, кој крена огромна прашина.

-Она што не можете да го видите на Собранискиот канал, оти го исклучија… Саат и пол, владејачкото “мнозинство” не може да си обезбеди КВОРУМ за работа за да го изгласа Дневниот ред на седницата,- напиша Апасиев.

Одлуките за прогласување на вонредната состојба денес беа ставени за расправа во Собранието, но за истите не се гласаше, затоа што веројатно немаше обезбедено двотретинско мнозинство откако од ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека нема да гласаат за тоа.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!