среда, 1 декември, 2021

ШОKAHТHA информација вечерва: Од Инфективна заминуваат главната сестра и уште две одделенски сестри

Доцна вечерва се појави крајно непријатна и далеку од посакувана информација. Едни од главните борци против Ковид-19 во државата се одлучија да се повлечат од жариштето.

Главната медицинска сестра на Инфектицна клиника, како и уште две одделенски сестри даваат отказ во еден акт.

Оваа информација ја објави докторот Ненад Лазаров, кој напиша: Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време…

-Од Зорица Љубичиќ Митиќ, вработена на горе наведената Клиника, како главна медицинска сестра. Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена, во кој период ќе го искористам годишниот одмор од 2019 и 2020 година.

Причината да ја напуштам Клиниката по 28 години, професионална посветеност, се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот, медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим.

-Јас, Силвана Рогиќ, вработена на Клиниката како одделенска медицинска сестра на одделот за ургентна инфектологија ја известувам управата дека давам отказ од работното место на Клиниката и го прекинувам мојот работен однос со почетокот од 29.09.2020 година.

Согласно законските процедури, имам за користење 20 дена од годишниот одмор за 2020 година кои се надевам ќе ми бидат одобрени. Ви благодарам за разбирањето и за досегашната соработка.

-Јас Дивна Бојческа, вработена на Клиниката како одделенска медицинска сестра на одделот за неуроинфекции ја известувам Управата дека давам отказ од работното место на Клиниката и го прекинувам мојот работен однос со почеток од 29.09.2020 година.

Согласно законските процедури, имам за користење 7 неискористени дена од годишниот одмор за 2019 година како и 13 дена од годишниот одмор за 2020 година. Благодарност за разбирањето.

Ова е тежок удар за министерот Венко Филипче, како и за сите работници кои се борат против пандемијата од Ковид-19. Веројатно од Министерството за здравство утре ќе бидат назначени и нивни замени и ќе дадат изјава по повод овој настан.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!